Потресна исповед на Сириец чии деца се удавиле: Миграцијата не е вредна за ризикот

Миграцијата не е вредна за ризикот што го превземате. Ова го порачува Сириец чии деца се удавиле на патот за подобар живот во ЕУ. Откако неговата деца и седумте деца се удавија додека се обиделе да го преминат Егејското Море, Али Алсахо ги предупредува сите бегалци: „Ќе ги загубите децата“.

Тој ги предупреди другите бегалци за ризиците од миграцијата што според него не треба никој да ги презема, јавува британски „Гардијан“.

Потресна исповед на Сириец чии деца се удавиле: Миграцијата не е вредна за ризикот
Потресна исповед на Сириец чии деца се удавиле: Миграцијата не е вредна за ризикот

Али Алсахо и неговото семејство бегале од ИД во Деир ез Зор, источна Сирија, кога откажал моторот на чамецот со кој што патувале во близина на градот Чешме во западна Турција минатиот месец. Алсахо е единствениот член во семејството што преживеал. Неговата сопруга и децата на возраст од 9 години и 20 дена се удавиле.

Тој за Би Би Си низ солзи раскажува како на неговото семејство нема да му требаат безбедносни појаси затоа што чамците се безбедни.

Потресна исповед на Сириец чии деца се удавиле: Миграцијата не е вредна за ризикот
Потресна исповед на Сириец чии деца се удавиле: Миграцијата не е вредна за ризикот

Ја имав најчувствителната сопруга. Го земав моето семејство надворе од Сирија за да избегам од убивањето. Моите деца можеа да имаат иднина во Европа. Сега го загубив семејстдавото, мојот свет, вели тој.

Прашан за тоа каков совет би им дал на сите бегалци што тргнуваат на ризичниот пат во Европа Алсахо вели:

Би им рекол да не го преземаат ризикот. Не одете на море. Ќе ги загубите децата. Криумчарите се предавници. Тие велат дека ќе стигнеме во Грција за 15 минути. Им советувам на сите: Не доаѓајте, останете во Сирија, без разлика на тоа колку е тешко.

Телата на некои од неговите деца, како и на неговата сопруга сеуште не се пронајдени. Нивната трагична приказна не е невообичаена, затоа што речиси секојдневно светските агенции пренесуваат информации дека гумени чамци се превртуваат, а голем број мигранти ги губат животите.