Потресна исповест на една жена: Од премногу солариум добив рак на кожата

Тони Вилоби (27) добила рак на кожата од прекумерно сончање во солариум. Таа додека била тинејџерка користела солариум и до пет пати неделно.

– Имав свој солариум дома, како и голем број мои пријателки. Сите се сончаа. Тогаш не размислував за иднината, ниту за ракот на кожата, вели оваа храбра медицинска сестра од Алабама.

toni_1

Ракот на кожа кај неа бил дијагностициран кога имала 21 година. Оттогаш па досега, болеста се враќала шест пати. Псотојано оди на лекување, а секој пат кога ќе оди, наоѓаат нов тумор.

Таа се фотографирала во моментот кога туморот и ја напаѓа кожата и таа фотографија ја сподели на социјалните мрежи, поради што стана интернет хероина.

toni_2

– Носете крема за заштита од сонце и користете препарати за самопотемнување. Имате само една кожа и морате да се грижите за неа. Научете од грешките на другите. Не дозволувајте тенот да ве спречи да ги гледате вашите деца како растат. Тоа во моментов ми е најголемиот страв, рекла таа.

Тони се лекува со посебни креми, а лекарите ги отстрануваат туморите со течен азот. Поради ова, Тони, која е мајка на едно дете има длабоки лузни на лицето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.