Свет

Потресна приказна на жена која излезе од полигамен брак

Потресна приказна на жена која излезе од полигамен брак

Марион Мун била дел од полигамен брак 18 години, а откако излегла од него решила да ја раскаже својата приказна.

„Тоа е како да живеете со неверство на дневна база, а таа жена ви доаѓа во домот“, изјавила таа британски Дејли Меил.

Вели дека постојано морате да се смеете и да се правите дека се’ е во ред, бидејќи тоа е дел од културата.

Таа од Британија се преселила во Јута, откако ја примила мормонската вера.

Полигамијата во САД долго време била илегална, но мормоните се избориле  да се декриминализира полигамниот брак. Во Јута околу 40.000 луѓе живеат во полигамни бракови. Во септември беше донесен закон со кој им се дозволува на мормоните да склучуваат полигамни бракови.

Unequal: Former polygamist Marion Munn is unhappy with the new ruling that decriminalizes the practice in Utah

 

 

 

„Кај мормоните немате право на избор, бидејќи мормонските закони ги учат жените дека Бог ќе ги уништи ако не прифатат живот во полигамија“, вели Марион која додава дека и таа не сакала да живее во таков брак, но се чувствувала приморана поради верата.

 

 

Но, за разлика од неа, која не уживала во бракот во кој морала својот оспруг да го дели со повеќе жени, познатото семејство на Џои Даргер, сега уживаат во животот без страв дека ќе бидат уапсени. Тие живеаат во Солт Лејк Сити, а пред три години раскажаа за својот живот.

Their brood: There are 25 children in the Darger family, and 17 of the kids still live at home

Џои има три сопруги и 25 деца. Во 1990 година тој се оженил со братучетките Алина и Вики, а десет години подоцна и близначката на Вики, Валери.  Алина која работи како адвокат за предмети со полигамија истакнала дека навистина се чувствуваат добро откако судот донел одлука да се декриминализира полигамниот брак.