Балкан

Потресна приказна за херојот од Србија

Потресна приказна за херојот од Србија

Потресна приказна за српскиот херој Дејан Лазаревиќ. Четириесет и четригодишниот Дејан од Топола без одмор цело време спасувал луѓе од надојдената река Јасеница. Тој бил вреден работник, добар татко, грижлив сопруг… кого повеќе го нема.

-Сопругата Драгана вчера стоеше на мостот без да мрдне, занемена од тага, гледајќи во реката. Се надева дека е жив, дека синот и ќерката нема да растат без татко. Се надеваа и колегите и спасителите, барајќи го. Телото на Дејан Лазаревиќ е пронајдено вчера во матните води на Јасеница, пишува „Блиц“.

sss

Дејан тој ден во 6:30 наутро, кај мостот во селото Жабар, се обидувал да го спаси Љубиша Јовичевиќ од селото Јарменовци, кој поради надојдените води се качил на дрво. Храбриот пожарникар тргнал да му помогне. Колегата со голи раце го држел за сајлата, реката била силна и за жал рацете на колегата Марко Уришевиќ не издржале. Останал во шок…

-Ми беше добар колега, другар… се надевав дека ќе ги видам жив, раскажува Урошевиќ.

Драган Јовановиќ, претседател во општината Топола бил очевидец на немилиот настан.

-Бевме заедно, цел ноќ спасувавме луѓе. Во 05:20 ме повикаа да ми кажат дека човекот е заробен на дрвото. Мислевме дека се’ ќе се реши лесно, но одеднаш слушнав врисоци…. и човекот исчезна, вели Јовановиќ и додава “ еве јавно ветувам дека додека сум жив неговото семејство ќе го гледам како свое“.