Потресна репортажа од Кобане: Дрогирани дивјаци држат отсечени глави како трофеи

Во Кобане, градот на границата помеѓу Сирија и Турција, каде што мнозинство се Курди, веќе со недели владее целосен хаос и илјадници граѓани се под опсада и закана од џихадистите од Исамската држава. Турската војска од својата страна на границата воглавно мирно набљудува што се случува, странските воените сили на чело со Америка трдат дека Кобане не им е од стратешки интерес, а во самиот град се водат улични битки за опстанок. 

Според последните информации, повеќе од половина град наводно е под контрола на радикалните исламисти, а американскиот министер за одбрана, Чак Хагел, доцна во саботата изјави дека ситуацијата во овој град е опасна, но неколкуте воздушни напади врз позициите на ИСИС донекаде го сопрело нивното напредување.

Курдите кои успеале да се извлечат од пеколот на Кобане и моментално се наоѓаат на ничија земја помеѓу Сирија и Турција или се на неколку километри од борбите, сведочеле за британскиот „Sunday People“ за страовите со кои се соочувале додека биле во Кобане, градот кој поради можност од масакри, набљудувачите се’ почесто го споредуваат со Сребреница.

Цивилите се присетуваат на дрогираните бараби кои буквално уживаат во отсекување на глави на луѓе кои ги сметаат за непријатели.

Екрам Ахмет (40) со сопругата и петте деца избегал пред шест дена и вели дека многу стари луѓе одбиваат да го напуштат градот и да ги остават своите синови сами да се борат.

„Многу немаат каде да одат, а уште поеќе се заглаени помеѓу градот и турската граница. Тие се на отворено и чекаат или спас или сигурна смрт. Членовите на ИСИС  се животни. Тоа не се луѓе. Жедни се за крв како нешто што досега не сум видел , како да ужиаат  во убивањето. Обожаваат да обезглавуваат луѓе, како да им е тоа заштитен знак“, раскажува Екрам.

Тој е уверен дека џихадистите се под влијание на наркотици. „Валкани се,  со искубани бради и долги црни нокти. Носат кутии со пилули и постојано ги пијат. Се чини дека од нив се уште повеќе полуди. Стануваат нервозни и возбудени, очајнички сакаат дури и мали деца да ги казнат за најмала ситница“, додава Екрам, кој верува дека пилулите се амфетамини кои на членовите на ИСИС им го зголемува апетитот за убивање.

Се присетува како џихадистите го извлекле неговиот 11 годишен син од автобус и штом слушнале дека е Курд, му го земале и искинае Куранот, што неговата мајка му го дала да го носи за среќа.

„Го натерале да застане со другите во ред и да чека да му ја отсечат главата. Но, тогаш, кон нив бил отворен оган, па мојот син ја искористил можноста и избегал. Не престанал да трча се’ додека не стигна дома, а таму не затече нас како ги закопуваме убиените соседи. Веднаш после тоа сите побегнавме од Кобане“, раскажува Екрам, кој е инжењер по  професија.

Се наведува дека џихадиетите тргнале на Кобане уште пред неколку месеци.

„Прво влегоа во околните села, па поставија барикади на улиците. Ги запираа автобусите и автомобилите и ги убиваа сите кои не беа муслимани или Курди. Јас зборувам арапски, па ги наговори да ме поштедат. Многу други ја нема таа среќа. Во Кобане останавме колку што можеме, се надевавме дека ќе стигне помош. Минатата недела ме викна соседот, кој инаку е универзитетски профсор, да ги закопаме неговата сестра, два брата и сиот. Беше шокиран бидејќи на сите им беше отсечена главата и ме замоли да се обидам да ги најдам нивните глави за да ги закопа целосно телата“, раскажува Екрам и додава дека не успеае да ги пронајдат главите бидејќи најверојатно џихадистите ги задржале као трофеи.

Турците не навредуваа

„Ги закопавме лешовите, а потоа со семејството избегавме во Турција. Додека ја преминувавме границата, турските војници не’ навредуваа. Ни велеа дека сме идиоти и магариња, Изгледа дека повеќе не’ мразат нас, отколку Исламската држава“, резигнирано вели Екрам.

Сепак, ја предупредува Турција да внимава, бидејќи може да не и се оставри тоа што го сака.

„Свесен сум дека Турција не ги поднесува Курдите, но може да и се случи за сосед да ја добие Исламската држава, што секако ќе биде уште полошо“.

„Sunday People“   раскажува и приказна на момче и неговата сестра, кои пред пет дена, баш кога џихадистите почнале позначајно да продираат во Кобане, заглавиле на крајот од градот. Во страв, се сокриле, но терористите го пронашле девојчето, ја силувале и ја убиле.Курските борци, со надчовечки сили тргнале во битка за куќата во која момчето е’ уште било сокриено и успеале да го спасат. Лелекал додека на раце го изнесувале надвор.

Според последните информации, околу 150 деца на сите возрасти се наоѓаат во Суруца, турски пограничен град, во непосредна близина на Кобане. Репортерката на „Sunday Peoplea“  се сретнала со нив и кога ги замолила да кренат рака доколку нивниот татко се бори во Кобане, сите до еден ги кренале рацете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.