Балкан

Потресно писмо на монах: Овде врие од педофили и алкохоличари

Потресно писмо на монах: Овде врие од педофили и алкохоличари

Српскиот монах Николај од манастирот Куманица кај Бродарево испратил потресно писмо до партријархот на СПЦ Иринеј, претседателот на Србија Томислав Николиќ и до рускиот патријарх Кирил во кое ги известува за страховладеењето на владиката Филарет, кој според неговите зборови, од епархијата направил збиралиште на педофили и алкохоличари.

Николај потврдил се што напишал во писмото за српски Ало, а тврди дека и тој бил жртва на обид за сексуално злоставување од близок човек на владиката.

– Ми рече дека таа вечер ќе „падне жртва“, а јас му одговорив дека нема додека главата ми е на рамена. Земав вила и цела ноќ ја минав во својата соба со вилата во случај да ме нападне. Потоа го повикав полицаецот Данило Фемиќ, кој строго му се закани дека не смее да ме допира. Арсение таа ноќ побегна од манастирот, раскажува монахот.

Според него, тоа не е изолиран случај, туку само мал дел од тоа што се случува во епархијата, а како што кажува, имало ситуации во кои морал и со нож да се брани.

– На сите им е јасно дека владиката Филарет лажно сведочеше во случајот со владиката Пахомие и сите кои треба да го повикаат на одговорност – молчат. Во манастирот Куманица по благослов на Филарет дојде обележаниот педофил јеромонахот Иларион.

За воља на вистината, со него немав искушенија, коректно се однесуваше, но во едно излегување од манастирот отиде во Бајина Башта и во еден пар вршел педофилски обред пред деца по што го уапсила полиција, раскажува отец Николај кој престојува во епархијата од 2000 година.

– Филарет во манастирот Свети Илија ја носи монахињата Ана која таму ја тераше искушеничката Милена од Бело Поље да ја мази по цело тело, што таа го одби и замина од манастирот, раскажува монахот.

Списокот на гревовите е уште подолг а меѓу другото се наведени и самоволно земање злато и пари од манастирот.