Потресно сведоштво: Еве што се случувало во концертната сала во Париз

Потресно сведоштво на еден Србин за тоа што се случувало во концертната сала Батаклан. Бев на семафорот кај Батакалан кога започна хаосот. Се слушнаа рафали, а потоа луѓето почнаа да бегаат.  Ова во изјава за српски Курир го посочува Миодраг Ивановиќ, кој живее во Париз, а во време на нападите се нашол во концертната саола Батаклан.

Бев во автомобилот, а еден автомобил беше пред мене и неможев да се поместам. Тогаш почнаа рафалите, а по само неколку секунди маса луѓе истрча низ пасажот што води до Батаклан. Беше страшно, луѓето бегаа преку автомобилите, врз хаубите. Целиот хаос што се случи неможе да се опише, вели тој.

Додава дека за само 15 секунди целата улица била исполнета и дека сите трчале во хаос.

Полицајците се појавија, скриени зас аголот. Почнаа да им довикнуваат на луѓето да легнат на земја и да се сокријат. Тешко е да се опише стравот на нивните лица, вели Ивановиќ.

Додава дека по некое време била отворена улицата, по што преку Шанз Елизе излегол од центарот на Париз.

Тогаш почнаа блокадите на градот. Поминав неколку пунктови пред да стасам дома во периферијата. Тој наведува дека низ градот владее страв.

Луѓето се преплашени. Никој незнае што може да се очекува. Сметаат дека претседателот Оланд не е дораснат за овој момент, вели тој.

Во концертната сала Батаклан терористите убија најмалку 100 лица. Убиени се тројца терористи, а полицајците што влегле во салата истакнуваат дека морале да чекорат врз човечки трупови.

За терористичките напади во Париз повеќе на следниот линк.