среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 47

Потресот ноќеска со магнитуда од 3,2 степени

Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

zemjotres-560x390-76257

Последни вести

Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.

Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.

Потребата од проценка на безбедноста на објектите граѓаните треба да пријавуваат на бројот 195, каде се регистрирани 500 јавувања.

Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк:http://dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf

Најчитани вести