Потстанар ги „олеснил“ газдите за 2.000 евра

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(21) од с.Мородвис, општина Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело тешка кражба.

Пријавениот на 26 јануари во куќа на ул. „Евлија Челебија“ во Кочани, во која живеел како потстанар, со употреба на подесен алат, влегол на спратот во куќата и по извршеното претурање во сите соби од кујната одзел 2000 евра.