четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Поттикнати од Брегзит, сега и Тексас бара независност

teksas

Последни вести

Поттикнати од брегзит, движењето Тексашко националистичко движење, побара од гувернерот Грег Абот да поддржи такво гласање и во таа американска држава.

Групата која тврди дека има околу 250.000 приврзаници направи неуспешен обид оваа година да вклучи гласање за отцепување на Тексас во изборите во ноември. Претседателот на движењето Даниел Милер изјави дека кампањата ќе биде обновена за следниот изборен цилкус во 2018 година.

-Тексас бил независна држава од 1836 до 1845 година и со економија од 1,6 билиони  долари годишно би бил една од 10-те најголеми држави во светот, нагласува Милер.

Правници наведуваат дека ниту една американска држава не може да се отцепи.

Од Мејн до Аљаска постојат такви групи. Според анкети на Ипсос/Ројтерс од 2014 година, речиси една четвртина од Американците сакаат нивните држави да ја напуштат унијата.

Во Калифорнија лидерот на Кампања за независност на Калифорнија, Луис Маринели вели дека има намера да побара референдум за самоопределување на кој би се гласало дали државата да ги напушти САД или да остане дел од американскиот сојуз.

Кампањеи за напуштање на САД се водени на Хаваи и Њу Хемпшир. Кампањата за отцепување на Вермонт, наречена Втора република Вермонт, замре откако лидерот на кампањата почина во 2012 година. Групата сакаше мала, демократска држава базирана на еднаквост и ненасилство.

Најчитани вести