Потврдата за кредитниот рејтинг, потврда за добрите економски политики

Потврдата за кредитниот рејтинг на Република Македонија е потврда за добрите економски политики.

Македонија по десетти пат доби потврда за кредитниот рејтинг ББ +. Ова според универзитетскиот професор Томе Неновски значи потврда за претходната и сегашната економска политика на земјава, а се нагласува маркоеконоската стабилност, стабилноста на монетарниот, фискалниот и банкарскиот сектор, пишува Лидер.

Неновски: Кредитниот рејтинг на Македонија е потврда за добрата економска политика
Неновски: Кредитниот рејтинг на Македонија е потврда за добрата економска политика

Рејтинг агенцијата „Фич“ во континуитет го потврдува кредитниот рејтинг на РМ од ББ+. Тоа значи потврда за претходната и сегашна економска политика од аспект на нејзините остварувања и очекувања. Притоа, се нагласува макроекономската стабилност, а особено стабилноста на монетарниот, фискалниот и банкарскиот сектор во РМ, како инструменти за заштита на домашната економија од влијанијата на надворешните и внатрешните кризни случувања, но и како носители на економскиот растеж на земјата. Агенцијата ФИЧ, особено, ја нагласува важноста на создадената бизнис клима која РМ ја сместува меѓу првите 30-на земји со најдобар амбиент за економско дејствување. Нивна незаобиколна оценка е дека, солидното ниво на девизни резерви и скромниот дефицит на тековната сметка на платниот биланс на земјата, создаваат услови за непрецена отплата на довтасаните кредитни долгови на земјата спрема странство. Најпосле, во одредувањето на кредитниот рејтинг на РМ, ФИЧ го има предвид неспорниот факт за перманентно намалување на стапката на невработеност на РМ, изјави за Лидер Томе Неновски, универзитетски професор.

„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Десетта година по ред кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија. Како база за својата оценка  кредитната агенција ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека  се „над ББ просекот“, па така кредитниот рејтинг на земјата и годинава изнесува ББ+.

„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг на Македонија
„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

„Фич“: Бизнис климата во Македонија е исклучително поволна

Според оценките на „Фич“ , бизнис климата во Македонија е исклучително поволна и Агенцијата наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

„Фич“ во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто.

Според „Фич“, банкарскиот сектор во Македонија е добро капитализиран и високо ликвиден, а во оценката се земаат во предвид и двете банки кои се во грчка сопственост.

Ризик е домашната политичка ситуација

Според „Фич“ ризик претставува домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине со спроведување на договорот потпишан под покровителство на комесарот Хан.

Според прогнозите на „Фич“ , Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена, пренесува МИА.

Додека за Македонија по десетти пат кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ+, само за потсетување, минатата и оваа година Агенцијата го намали кредитниот рејтинг на повеќе земји, како што се Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.