Потврден прв случај на западнонилска треска во Грција

Еве зошто некои луѓе се магнет за комарци

Грчките здравствени власти соопштија дека во Грција лабораториски е потврден првиот случај на лице заразено од западнонилска треска оваа година, пишува весникот „Елефтеротипија“.

Досега болеста беше откриена кај животни во северна Грција. Според грчкиот Центар за контрола и превенција на болести, заразен е маж на 85-годишна возраст во областа Атика, кој неодамна патувал и во други области на земјата.

Центарот истакнува дека во изминатите пет години вирусот на западнонилска треска се појавувал во летните месеци.

Вирусот се пренесува со убоди од комарци.