Потврден случај на Зика вирус во Словенија

Првиот случај на вирусот Зика е потврден во Словенија. За ова денес во Љубљана информираше Франц Штрле од Универзитетскиот клинички  центар.

Институсот за јавно здравје истовремено соопшти дека инфекцијата претставува закана по јавното здравје во Словенија, пренесува Танјуг повикувајќи се на словенечката агенција СТА.

Претходно веста за инфекцијата ја објави таблоидот „Словенске новинце“.

По ова се огласи и министерката за здравство која напомена дека тоа сеуште не е потврдено.

„Словенске новинце“ наведуваат дека словенечки спортист се инфицирал во Бразил, додавајќи дека тоа им е потврдено од Институтот за јавно здравје.

Европското одделение на Светската здравствена организација ја стави Словенија во земјите со „умерен ризик“ за ширење на вирусот ова лето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.