Потврден втор случај на птичји грип во Холандија

Во Холандија е потврден втор случај на птичји грип неделава. Во последниот случај властите велат дека биле убиени сите 43 000 пилиња на фарма во близина на селото Тер Ар на југот од земјата.

Засега се вршат истражувања за да се утврди точниот вид на птичји грип. Првиот случај на птичји грип во Холандија беше пријавен на почетокот на неделава, кога исто така и во Англија беше утврден случај Х5Н8 за кој се вели дека претставува низок ризик по здравјето на човекот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.