Потврдена доживотната казна затвор за извршителот на двојното убиство во хотелот „Император“ во Охрид

охрид

Основниот суд од Охрид денеска ја потврди казната „доживотен затвор“ за Бојан Петрески од Охрид, осуден за двојното убиство што се случи во угостителскиот објект „Император“ во Охрид во август 2014 година.

Петрески првестепено беше осуден на доживотна казна затвор од Основниот суд во Охрид за убиство на Ромео Ѓизелоски (38) и Васил Ристески (56).

Инаку, повтореното судење беше спроведено на барање на Апелацискиот суд, поради забелешка на одбраната на обвинетиот дека при првото изракување на казната не било земено предвид медицинско-судско вештачење на психолошката состојба на обвинетиот.

Судскиот совет во повтореното судење процени дека целосно било земено предвид стручното вештачење кое покажало дека обвинетиот во времето на извршување на делото бил здрав и пресметлив.