Потврдена е смртта на 104 лица во бродската несреќа во Јужна Кореа

Властите во Јужна Кореја соопштија дека е потврдена смртта на 104 луѓе кои загинаа при потонувањето на ферибот во ЈУжна Кореа, минатата недела.

198 луѓе се’ уште се водат за исчезнати. Повеќето од нив се средношколци.
Фериботот потона на 16 април. а 174 луѓе, вклучувајќи го и капетанот и неговиот екипаж, беа спасени.

Капетанот и шест членови на екипажот се уапсени за небрежност и за напуштање на патници. Според властите во Јужна Кореја, активностите на екипажот биле еднакви на „чин на убиство.“

Во моментот на несреќата, што се случи минатата среда, на фериботот имало 476 лица, од кои повеќето биле ученици.Огромниот пловен објект прво се превртил и потоа потонал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.