Потврдена смртта на Американката заробена од џихадистите

Белата куќа потврди дека е мртва Американката Кајлa Џин Милер, што како заложник ја држеа екстремисти од групата „Исламска држава“, објави МИА.

„САД ќе ги пронајдат и изнесат пред лицето на правдата одговорните терористи“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Родителите на Кајлa, Карл и Марша Милер, објавија соопштение во кое се наведува дека се информирани за смртта на нивната ќерка.

Исламската држава во петок соопшти дека во напади на јордански авиони на сирискиот град Рака, е убиен еден нивни заложник и дека станува збор за американски хуманитарен работник Кајлa Џин Милер.

Според тврдењата на џихадисти Милер е убиена за време на молитва во напади, што како цел имале иста локација повеќе од еден час. Јорданските власти ги отфрлија обвиненијата како пропаганда.

Кајли Џин Милер е киднапирана во август 2013 година од болница во Сирија. Таа беше единствениот познат американски заложник во рацете на ИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.