Потврдено: Лидерот на ИД е ранет

Војската во Ирак ја потврдила информацијата дека лидерот на „Исламска држава“ Абу Бакр ал-Багдади е повреден, но засега не се знае степенот на неговите повреди, пренесе „Гласот на Русија“.

Информацијата за можното ранување на Ал-Багдади се појави во медиумите на 8-ми ноември, но досега немаше официјални информации.

Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на „Исламска држава“ за чие апсење е понудена награда од десет милиони долари беше ранет во воздушните напади на САД врз екстремистите во западен Ирак, на границата со Сирија.

Лидерот на ИД, наводно, заедно со останатите повредени бил пренесен во локалната болница.

Претходно државната телевизија  во Ирак јави дека Абу Хутхаиф ал Јамани, помошник на главниот емир на џихадистичката организација Исламска држава е убиен во воздушен напад кај Фалуџа, а дека е шпекулација дека бил убиен и самиот лидер на организацијата во Багдад.