Потврдено: Листеријата е во производите на „Екстра меин“

Дефинитивно, случајот со листерија од која заболеа 10 лица, а од нив пет го изгубија животот е затворен. Конечните резултати кои вчера до Министерството за здравство се доставени од две најпознати референтни и акредитирани лабратории на СЗО за листерија, „Ансес“ и „Пастер“ од Париз, потврдуваат дека производот вакумиран сецкан свински врат од компанијата „Екстрамеин“ е изворот на зараза со оваа смртоносна бактерија.

Министерот Никола Тодоров, уште пред да се добијат потврдните резултати од француските лаборатории, поднесе кривична пријава против непознат сторител. Анализите од македонските институции кои ја потврдија листеријата кај овој производ веќе се дадени на Јавно обвинителство, а денеска, доказниот материјал ќе се зголеми и со новите наоди од споредбената странска анализа на мострите земени од свинскиот врат и од починатите лица. Тодоров, изрази надеж дека наскоро истрагата ќе излезе со конкретни резултати.

„Денска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет . Се работи за потполно идентичен генотип кај изолат од храна и изолатите од хумано потекло. Се потврдија резултатите кои Министерството за здравство претходно ги објави -дека причините за листеријата кај заболените и починатите е поизвод од компанијата Екстра меин од Куманово. Добивме потврда дека станува збор за ист извор на листерија. Точно и прецизно е лоциран изворот на листерија од страна на македонските власти. Со ова конечно ставаме крај на шпекулациите и наводите дека се’ уште не е пронајден виновсникот на листеријата. Не обвинуваа за фалсифкување на постапката, дека е наместена, дека непотребно сме ставиле фирма на столбот на срамот. Не прогласија за аметери, егзекутори кои нестручнио аналииираат и на крај тоа го покриле со егзекуција на некоја фирма . Ние верувавме во квалитетот на знаењето и професионализнмот во македонските експерти“, истакна Тодоров.