Спорт

Потврденo: На Русија и се забранува учество на Параолимписките игри во Рио

Потврденo: На Русија и се забранува учество на Параолимписките игри во Рио
Арбитражниот суд за спорт соопшти денеска дека ја потврдил одлуката на Интернационалниот параолимпски комитет (ИПЦ) со која на Русија и се забранува учеството на Игрите што почнуваат на 7. септември во Рио де Жанеиро.

Русија се жалеше на одлуката на ИПЦ која беше донесена по обвинувањето дека постои „државно спонзорирана програма“ за давање забранети стимулатини средства на спортистите и на параолимпијците.

Ваквата одлука ИПЦ ја има донесено врз оснва на истрагата и извештајот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) со седиште во САД, што беше објавен еден месец пред почетокот на Олимпијадата.

Во образложението на одлуката на Апелациониот суд се наведува дека рускиот Параолимписки комитет не доставил никакви докази кои би биле спротивни на тврдењето на ИПЦ.

Интернационаниот параолимписки комитет и неговиот претседател Британецот, Филип Кравен, остро ја критикуваа одлуката на Меѓународниот олимписки комитет и на неговиот претседател, Германецот Томас Бах, што одбија да ја прифатат сугестијата на ВАДА за „бланко“ казнување на Русија со исклучување и од Олимпијадата во Рио.

Британските медиуми кои силно заговараа ваква казна за Русија  го обвинуваа Бах дека ги „помилувал Русите“ и ги игнорирал фактите на ВАДА затоа што бил „пријател со Владимир Путин“.

Русија  која на Олимиските игри учествуваше со над 270 спортисти, без атлетичарите на кои им беше забранет настап на Игрите,   во Рио освоија 56 медали, со што беа рангирани како четврта држава по бројот на трофеите.