Потврдено, Путин ќе ја посети Србија на 16 октомври

Рускиот амбасадор Александар Чепурин на конференцијата со премиерот Александар Вучиќ потврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин на 16 октомври ќе биде во Белград. Путин ќе има средба со претседателот Томислав Николиќ како и со премиерот Вучиќ.

„Во текот на посетата се предвидени состаноци и преговори со претседателот на Србија, Томислав Николиќ и претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ. Предвидено е учевство на свеченоста како и разгледување на клучното прашање за руско-српските односи,“ истакна Чепурин.

Српскиот премиер Вучиќ истакна дека со рускиот претседател Путин ќе разговараат за иднината во односите меѓу двете земји.