Издадени вкупно 27.233 потврди за барање азил на мигранти

Издадени вкупно 27.233 потврди за барање азил на мигранти

Вкупно 786 потврди за барање азил се издадени во текот на вчерашниот ден.

480 од нив се мажи, 118 се жени, 174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 деца кое патуваат без родител.

Вкупно 27.233 издадени потврди досега

Во периодот од 19.06.2015 до 06.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди за барање азил на вкупно 27.233 странски државјани, од кои, 19.349 се од машки пол, 3.636 се од женски, 3.991 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 257 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди за барање азил, најбројни се државјаните на Сирија-20.738, потоа Авганистан-1.945, Ирак-1.440, Пакистан-928, Сомалија-526, Палестина-435, Конго-285, Камерун-133, Еритреја-129, Нигерија-100, Етиопија-99, додека останатите се во помал број.

Поднесено 41 барање за азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Шест баратели на азил во Прифатниот центар

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 05.08.2015 година се евидентирани вкупно 6 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Потврди во најголем број издадени на Сиријци

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-717, потоа Ирак-24, Пакистан-22, Бангладеж-11, Иран-осум, додека останатите се во помал број.

Активности на Црвениот крст

Вчера до 16.30 часот екипите на Црвен крст укажаа прва помош на 114 лица, од кои 41 интервенција во Табановце и 73 во Гевгелија. 9 трудници побарале асистенција од мобилните тимови.

До 16.30 минути екипите дистрибуираа:

  • 524 шишиња вода

  • 36 пакети со храна

  • 36 хигиенски пакети за жени

  • 36 хигиенски пакети за мажи

  • 36 пакети за сампомош

  • 6 пакети за бебиња

 

 

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод празникот Илинден потенцира дека бранот мигранти носи нови предизвици.