Издадени се потврди на 1.998 странски државјани, најмногу има Сиријци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.998 странски државјани.

Од нив, како што информира МВР, 1.329  се од машки пол, 239  се од женски, 383 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Потврди се издадени и на 47 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-1.001, Авганистан –748, Ирак-106, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 04.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 115.499 странски државјани, од кои, 76.445 се од машки пол, 15.372 се од женски, 19.638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.044 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-84.665, потоа Авганистан-14.948, Ирак-7.591, Пакистан-3.031 Палестина-1.169, Иран-761, Сомалија-711, Бангладеж-689, Конго-372, Нигерија-227, Камерун-184,  Еритреја-166,  Етиопија-1290, Судан-118, додека останатите се во помал број, соопштуваат од МВР.