Потврди за азил на 183 деца мигранти кои патуваат без родител

Во текот на изминатите 24 часа, издадена е потврда за азил на 183 деца мигранти кои патуваат без родител.

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 3.458 странски државјани, од кои 1.652 се од машки пол, 652 се од женски, 971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 183 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.638, Авганистан–860,  Ирак-478, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 18.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 258.417 странски државјани, од кои, 152.372 се од машки пол, 39.275 се од женски, 53.275 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.495 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-158.986, потоа Авганистан-56.773, Ирак-21.228, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514,  Либан-434,  Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.11.2015 до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.