ПОУ „Д-р Златан Сремец“ мина прва зима без влага со санација на покривот од „Адора“

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во општина Кисела Вода ја мина првата зима без повеќегодишните проблеми со прокиснувањето на покривот, благодарение на проектот за санација што го реализира градежната компанија „Адора инженеринг“.

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, раководството на училиштето каде учат над сто деца со посебни потреби, му изрази благодарност за хуманоста и поддршката на менаџментот на „Адора инженеринг“, што го санира дотраениот покрив на објектот кој датира од 1932. година, со што децата добија подобри услови за реализација на воспитно – образовниот процес и рехабилитација во оваа установа.

Заменик генералниот директор на „Адора инженеринг“, Душко Чифлиганец истакна дека преку оваа донација компанијата ја продолжува својата долгорочна општествено одговорна определба и традицијата да вложува во општините во кои се јавува како инвеститор.

-Една искрена и топла детска насмевка вреди повеќе од се на светот, а во училиштето учат повеќе од 100 дечиња со пречки во развојот , аутизам и мултихендикеп, што е повеќе од доволна причина со задоволство да го поддржиме овој проект, истакна Душко Чифлиганец, кој додаде дека според него компаниите секогаш мора да го споделуваат својот успех со заедницата и дека всушност вистинското мерило за успешноста на компаниите е во тоа колку здраво општество ќе создадат во средината во која делуваат.

Чифлиганец воедно изрази благодарност до вработените, клиентите, соработниците, како и останатите субјекти поврзани со работењето на компанијата „Адора инженеринг“, бидејќи како што вели компанијата овие активности ги спроведува заедно со нив.

Тој додаде дека се надева и очекува во иднина да има поголем број проекти од ваков карактер, притоа нагласувајќи дека сите заедно треба да се заложиме да создадеме похумано општество, во кое посебен акцент ќе се даде на создавањето еднакви можности за сите.

blagodarnica

Директорката на училиштето „Д-р Златан Сремец“, Ана Шикалеска истакна дека компанијата „Адора инженеринг“ со овој проект им овозможила пријатен престој и подобри услови на учениците.

Таа упати благодарност до „Адора инженеринг“ во нејзино, но и во името на учениците, како и советот на наставниците и родителите и потенцира дека конструкцијата во целост била на терет на компанијата.

Од компанијата и од училиштето „Д-р Златан Сремец“ изразија надеж дека овој пример на хуманост и солидарност ќе го следат и други бизнис субјекти во Македонија, со што сите заедно ќе дадеме придонес за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество, со еднакви можности за сите граѓани, за што е потребна солидарност и благодарност, особено важна за време на празниците, како најголемиот хритијански празник Велигден.

222

Имено, ова не е прва акција од хуманитарен карактер на „Адора инженеринг“. „Адора инженеринг“ и фондацијата „Проф.д-р Ванчо Чифлигнец“ вложуваат во образованието, културата, спортот и во други области. Компанијата и во иднина ќе ја следи традицијата и ќе продолжи да спроведува вакви проекти и акции.