четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

Повардарие го суспендираше откупот на грозје

Винарската визба Повардарие од Неготино соопшти дека денеска и во наредните два дена нема да откупува грозје.

132437710

Поврзани вести

Причина за прекин на откупот, според винарницата, е пренатрупаноста со грозје и големата редица трактори кои чекаат да бидат истоварени.

– Тоа не значи дека нема да биде примено грозјето кое во моментов чека да биде примено. Се работи за околу1,5 милион килограми кое се наоѓа во долгата редица трактори пред винаријата. Бидејќи нашите капацитети за преработка се ограничени, мораме да го примиме и преработиме веќе собраниот род. Препорачуваме да не се берат дополнителни количини за да нема непотребни гужви и долги редици со трактори, рекоа од Повардарие.

Прекинот на откупот се однесува на сите откупни пунктови. Повардарие нагласи дека е меѓу ретките визби, можеби и единствена која се уште откупува грозје.

По времениот застој од три дена, откупот ќе продолжи.

Најчитани вести