Во Македонија влегле повеќе Авганистанци од Сиријци

Во Македонија влегле повеќе Авганистанци од Сиријци. Во последното деноноќие според податоците од МВР, во Македонија издадени се потврди на вкупно 3.534 странски државјани.

Од нив 1.931  се од машки пол, 552  се од женски, 891 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Исто така, поголем е бројот на економски мигранти од лицата што имаат статус на бегалци и што доаѓаат од завојуваните земји.  Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –1.711, Сирија-1.238,  Ирак-334 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 29.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 189.957 странски државјани, од кои, 117.537 се од машки пол, 27.203 се од женски, 36.401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.816 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, се вели во соопштението од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-124.309, потоа Авганистан-36.920, Ирак-14.761, Пакистан-4.175, Иран-3.146, Палестина-1.644, Сомалија-964, Бангладеж-896, Конго-491, Нигерија-251, Камерун-222,  Еритреја-212, додека останатите се во помал број.