Повеќе деца, побавно стареење

Иако мајчинството е единствено искуство, поголемиот број мајки најверојатно не ги сакаат непроспиените ноќи и промените во расположението и нема да ги сметаат за благотоврни во одржувањето на младоста, но една нова студија покажува дека процесот на стареење се забавува колку е поголем бројот на деца.

Канадските научници во трудот објавен во магазинот ПЛОС Оне откриваат дека жените со повеќе деца имаат подолги теломери од оние што родиле помалку деца. Притоа теломерите се капки на завршетокот на секоја спирала на ДНК и ги штитат хромозомите од оштетување.

Секој пат кога ќелијата ќе се релицира, теломерите се кратат. Со текот на времето стануваат толку кратки што повеќе неможат да ги штитат хромозомите, ги оставаат ранливи, поради што човековите ќелии стареат и претсануваат да функционираат делотворно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.