Повеќе делови на Скопје денеска без струја

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Од 8 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 11 во селото Кадино, од 08:40 до 15 часот корисниците од улицата 16, од 9 до 12 часот населеното место Камник, а од 12 до 14 часот корисниците од улицата 519 во населбата Керамидница во општина Гази Баба.

Без струја од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Народни Херои“, во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.

Без електрична енергија од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од викенд населбата Орешани, во општина Зелениково.