Повеќе делови на Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мите Богоевски“ и „12. Македонска бригада“ лоцирани кон каналот, како и корисниците од улиците „Бошко Буха“ и „Жорж Бизе“ во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 9:30 до 15:30 часот ќе останат и корисниците од село Долна Арнакија кај џамијата, во општина Сарај.