Повеќе делови на Скопје утре без струја

 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати.

Без електрична енергија утре од 12 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Иван Тургењев“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улиците „Извор“ и „Владимир Каваев“, од 10 до 11:30 часот корисниците од дел од улицата „Никола Русински“ околу број 4, додека од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од Горни Жданец, во општина Карпош.

Без струја утре од 07 до 8:30 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата „Васил Ѓоргов“ (броеви од 1-10), дел од корисниците на улицата „Козара“ (броеви од 1-12) и дел од корисниците на улица „Бел Камен“ (броеви од 1-10), во општина Центар.

Во периодот од 09 до 10:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Алберт Анштајн“ број 9 како и улицата „Славка Недиќ“ број 14, а од 09 до 15 часот корисниците од делови од улиците „Франклин Рузвелт“ (број 34-52), „Благој Давков“, „Дане Крапчев“, „Мајаковски“ и „Црвена Вода“, во општина Центар.

Без електрична енергија од 09 до 12 часот ќе останат корисниците од улиците  „Фрањо Клуз“ делот кај бензинска станица Макпетрол, „Пандил Шишков“ од број 10 до број 24 како и детската градинка „Срничка“ – клон „Црвенкапа“, додека од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од дел од улиците „Гаврил Радомир“ и „Ловчанска Корија“, во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Средно Коњари, Долно Коњари, Дивље, Горно Коњари и Чифлик во општина Петровец.

Без струја утре во периодот од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Добрино, Дејковец, Тисовица, Гумалево и Градовци, во општина Зелениково.

Во периодот од 12:45 до 14:45 часот без струја ќе останат и корисниците од улиците „Методија Митевски“ број 3 влез 5, „Методија Митевски“ број 5 влез 4, дел од „Македонско-косовска бригада“, како и „Методија Митевски“ број 3 влез 3, во општина Чаир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.