Македонија

Повеќе делови на Скопје утре без струја

Повеќе делови на Скопје утре без струја

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради извршување технички зафати во електро-системот.

Од 8:00 во 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на булевар „Борис Трајковски“, подулица 11 во општина Кисела Вода и улица „Пролет“ во општина Центар.

Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците во населба Илинден, дел од улиците 512, 513, 517, 5278, 528, 529, 530  и 532 во општина Илинден.

Од 7:30 во 8:30 часот без елекртична енергија ќе бидат корисниците од село Батинци на улица 6, а во периодот од 9:30 во 15:00 часот и улиците „Нов Живот“, „Вашингтонска“, „Дринска“ и „Винича“  во Шуто Оризари.

Без електрична енергија утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од улиците „Козара“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“ број 51, влез 1, 2 и 3 во општина Центар. Додека од 7:30 до 17:00 часот и дел од улиците „Шуто Оризари“ према Горно Оризари и околината, во општина Шуто Оризари.

Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од населба Крњево позади комплексот факултети во општина Центар, додека од 10:00 до 15:00 часот село Визбегово улица 3 и останатите корисници во тој реон на општина Карпош.

Во период од 9:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и викендички во Побожје, селата Бродец,  Танушевци, Мирковци, Кучевиште и Побожје и Малина Маала, во општина Чучер Сандево.