среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 56

Нови 140 градинки за подобар развој на децата и крај на листите за чекање

Воспитувачите и социјалните работници велат овој проект ќе реши некои од најголемите проблеми со кои се соочуваат во својата работа како недоволен капацитет, преголем број на деца во групите, но ќе допринесе и за нови вработувања.

kindergarten

Поврзани вести

Зголемување на бројот на детски градинки во земјава е неопходен со цел на децата од предшколска возраст да им се овозможи подобар ран развој и подобри услови за едукација и воспитување.  Токму поради ова проектот што неодамна го најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за изградба на 140 детски градинки во периодот од 2017 до 2020 година и зголемување на капацитетот на градинките за дополнителни 18 илјади места се поздравува и од експертите и од вработените во детските градинки.

Универзитетскиот професор Јован Пејковски вели реализацијата на овој проект ќе биде особено значаен кон подобрување на условите во кои децата од претшколска се воспитуваат, а истовремено ќе им се овозможи на сите родители без проблеми да ги згрижат своите деца во државните градинки.

„Проектот е важен кон допринесување за подобар ран детски развој и опфат бидејќи секој родител треба да има право и можност сопствените деца да ги запише во установа во која ќе добијат соодветна грижа и воспитување. Република Македонија има потреба од повеќе детски градинки и овој проект е за поздравување“, вели професорот Пејковски.

download

Проектот со којшто треба за 40 отсто да се зголеми опфатот на деца во градинките низ Македонија го поздравуваат и Здружението на воспитувачи и Здружението на социјални работници. Воспитувачите и социјалните работници велат овој проект ќе реши некои од најголемите проблеми со кои се соочуваат во својата работа како недоволен капацитет, преголем број на деца во групите, но ќе допринесе и за нови вработувања.

„Зголемувањето на наталитетот, односно потребата за запишување на децата во градинка последната деценија се покажа и како голем проблем за сите постоечки детски градинки во државата или со други зборови, листите за чекање се повеќе се зголемуваат од година во година. Овие 140 градинки ќе решат многу проблеми на постоечките капацитети, ресурси и вработени во детските градинки“, вели Илија Митров, претседател на Здружението на воспитувачи.

Митров додава дека со изградба на најавените градинки ќе се добие и поголем квалитет во згрижувачката и воспитно образовниот дел.

Со изградбата на повеќе детски градинки во државата ќе се создадат предуслови  за зголемување на бројот на склучени бракови и создавање на многудетни семејства, смета претседателот на Здружението на социјални работници, Гоце Прцуловски.

„Грижата на родителите е голема за нивното дете биде згрижено, одгледувано од квалификуван кадар и квалитетно поминато време. Градинката е еден процес на социјализација кој претежно преовладува во урбаните средини, каде поради

Отворени 31 градинка за две ипол години - летово се градат уште четири

Отворени 31 градинка за две ипол години – летово се градат уште четири

поголемиот број на промени во семејството и обврските на родителите се јавува потреба од поголем број на градинки. Градинките се поддршка за правилен раст и развој на децата и нивна социјализација и полесна адаптација при започнувањето на училишниот процес. Затоа е добро да се градат градинки и во руралните средини“, рече  Прцуловски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ презентирајќи го проектот појасни дека е предвидена изградба на 100 комплетно нови и 40 детски градинки кои ќе се отворат во постоечки, а неискористени државни објекти, откако претходно ќе бидат реновирани и адаптирани.

Идејата за проектот, според Груевски,  произлегла по разгледување на податоците за бројот на згрижени деца во градинки, број на деца кои се на листи на чекање, но и бројот на деца родени во периодот од 2010 до 2015 година.

„Во моментов бројот на згрижени деца во државата изнесува 36.039 деца, а додека околу 5.516 деца се на листите на чекање, ова претставува нелагодност и проблем за многу семејства. Дополнително и преоптовареноста на капацитетите на одредени градинки е дополнителен проблем. Родителите мора да се снаоѓаат за чување на децата, а многу често тоа значи и дополнителен трошок за ангажирање на трето лице кое ќе помогне во згрижувањето на децата. Да не говориме за социјалната компонента, компонентата социјализација и воспитната улога на градинките која ја пропуштаат децата кои поради недостаток на капацитети не можат да ја добијат. Свесни дека се уште листите на чекање се големи и треба да работиме за потребата на граѓаните да ги згрижуваат своите деца објавувам дека наскоро ќе го отпочнеме проектот за изградба на нови градинки, истакна Груевски во неделата.

 

Приоритет во рамки на овој проект ќе имаат општините кои имаат најголема потреба од нови капацитети за згрижување, кои што досега имаат и најголема листа за чекање како во Центар, Струмица, Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Битола, Штип, Чаир, Кавадарци, Струга, Прилеп,Делчево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес и други места.

Инаку, Македонија е единствената земја во јужниот дел од Европа која во последните 10 години бележи пораст на наталитетот.

Најчитани вести