Повеќе од 100 загинати во земјотресот во Авганистан и Пакистан

Над 100 луѓе загинале и речиси 300 се повредени во денеешниот силен земјотрес кој погоди региони во Авганистан и Пакистан.

Од Авганистан соопштија за 24 загинати, а од Пакистан за 76.

Претставници на властите изјавиле дека бројот на жртвите може да се зголеми во следните денови бидејќи комуникациите во поголем дел од реонот на потресот се прекинати.

zemjoes