Македонија

Повеќе од 203.000 бегалци досега транзитирале низ Македонија

Повеќе од 203.000 бегалци досега транзитирале низ Македонија
Издадени околу 320.700 потврди на странски државјани

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.702 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 667  се од женски, 661 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 455деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на  Сирија 2.313, од Авганистан 961, Ирак 177, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 01.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 203.940 бегалци државјани, од кои, 124.488се од машки пол, 29.688се од женски, 39.976 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.788 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни бегалци се од Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534, од Палестина 1.739,Сомалија 1.044, Бангладеш 938, Конго 498, Нигерија 258, Камерун 225, Еритреја 212, додека останатите се во помал број.

Вчера до одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.11.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.