Повеќе од 300 свештеници во Пенсилванија силувале илјадници деца

Канцеларијата на државниот обвинител на Пенсилванија објави извештај од истрагата, според која, повеќе од 300 свештеници педофили сексуално злоупотребувале најмалку илјада деца, а Католичката црква на оваа држава прикривала сѐ.

Веруваме дека вистинската бројка на злоуставувани деца е многу поголема. Веројатно се работи за илјадници луѓе, но многу жртви се плашат да излезат и да раскажат што им се случило, стои во извештајот.

Но во извештајот од 900 страни се наведува дека речиси сите случаи денес се застарени и не можат кривично да се гонат. Стотина од свештениците се починати. Многу други се пензионирани или се отпуштени од свештенството или се суспендирани.

Сепак, двајца свештеници се обвинети, еден за сексуално злоставување на неколку деца во повеќе наврати, од кое последното се случило во 2010 година.

Иако не можат кривично да бидат гонети, поротниците одлучиле да ги објават имињата на десетина црквени луѓе обвинети за педофилија врз основа на заклучоците од истрагата.
Во извештајот се зборува за сексуална злоупотреба каде некои од жртвите биле помлади од десет години.

Бискупите и кардиналите „воглавно биле заштитени од Црквата“, се вели во извештајот.

Многумина, на кои имињата им се наведени во извештајот, се унапредени. Се додека тоа не се промени мислиме дека е прерано да се затвори поглавјето со сексуалните скандали во Католичката црква“, се додава во заклучокот на големиот извештај. Свештениците силувале девојчиња и момчиња, а оние кои биле одговорни за нивно казнување не направиле ништо, дури прикривале сѐ. Со децении, свештениците кои злоупотребувале биле заштитени. Во извештајот, се истакнува и дека се работи за најголем извештај за сексуална злоупотреба во католичката црква во историјата на САД, пренесе АП.

Ужасните злоупотреби што со години се случувале во Црквата, датираат уште од 1947 година, а некои од жртвите прво биле алкохолизирани и потоа присилувани на сексуален однос.