Повеќе од 40 милитантни групации тргнуваат против Русија

Путин: На господ е дали ќе им се прости на терористите, на мене е да ги однесам до него
Путин: На господ е дали ќе им се прости на терористите, на мене е да ги однесам до него

Повеќе од 40 милитантни групации тргнуваат против Русија. Руската воена интервенција доведе до соединување на 40 милитантни групации што досега се бореле против сирискиот претстедател Башар ал Асад, а повремено и едни протув други.

Тие сега заеднички Русите ги нарекуваат окупатор, а меѓу овие групации се Арар ал Шам, Исламската војска и Фронтот Левант.

На џихад против „руската окупација врз Сирија“ повика сириското муслиманско братство, кое  борбата против руските сили ја нарече легитимна должност на секој што може да носи оружје.

Околу 3.000 борци на Исламска држава побегнале во Јордан

Инаку, околу 3.000 борци на Исламска држава и други милитанти од другите екстремистички групи побегнале од Сирија во Јордан, поради новата офанзивна акција на сириската армија поддржана од воздушните напади на Русија, соопштуваат претставници од руската одбрана за РИА новости.

Неименуваниот извор додава дека во неделата сириската армија извела низа напади врз борците на ИД и на Ал Нусра во предградија на Дамаск, како и во провинциите Деир ер Зор и Хама.

Сириската артилерија исто така нападнала повеќе екстремистички групи, меѓу кои и ал Нусра кои се наоѓаат во провинцијата Хама, каде според воени извори, избувнал конфликт помеѓу Сиријците и странските борци. Сириските милитанти инсистирале на повлекување од повеќе упоришта, поради страв од офанзивата на сириската армија и руските воздушни напади, а странските војници одбивале да се повлечат.