Крими хроника

Повеќе од две години зимал техничка стока на име на туѓа фирма

Повеќе од две години зимал техничка стока на име на туѓа фирма
Ограбени Мароканци кај Демир Капија

Делчевец повеќе од две години во повеќе наврати од делчевска фирма на измама земал техничка стока во вкупна вредност од 205.792 денари или 3.350 евра, која вработените, доведени во заблуда ја фактурирале на фирма од селото Русиново.

Делчевската полиција поднела кривична пријава против Д.М.(47) од Делчево поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело измама.

Полицијата го товари дека од април 2013 до јули 2015 година довел во заблуда две лица вработени во „Брегал“ ДООЕЛ Делчево претставувајќи им се како вработен во фирмата „Хлоб Трејд“ ДООЕЛ Русиново.

Така, во седум наврати успеал да ги наведе вработените да му издадат разна техничка роба во вредност од 205.792 денари и ги навел истата да ја фактурираат на наведената фирма, иако ниту бил вработен во истата, ниту земената роба ја однел во фирмата, туку противправно ја задржал за себе.