Повеќе од тон кокаин запленет во Колумбија

Колумбиската војска во неколку операции запленила повеќе од еден тон кокаин и една „нарко-подморница“.

Припадниците на Морнарицата во националниот парк Санкијанга, во југозападниот дел на Колумбија, откриле и уништиле „полуподморница дизајнирана како торпедо“, со капацитет за транспорт на два тона кокаин, се наведува во соопштението.

Морнарицата тврди дека од 1993 година досега запленила или уништила 91 нелегална „нарко полуподморница“, а оваа е прва која е уништена оваа година.

Колумбиските власти соопштија дека вредноста на запленетиот кокаин на меѓународниот пазар би изнесувала околу 32 милиона долари.