Повеќе од1.100 повици на „Ало докторе“ за една недела

Во изминатата недела  на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе примени се 1106 повици.

Вкупно 67.407 повици од 15.09.2014 година  на 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало докторе.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците  се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто   за  респираторни симптоми ,покачена телесна температура , сезонски вируси ,настинки   и кашлици   карактеристични за овој период  од годината.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.