Повеќе скопски населби и села утре без струја

Корисниците лоцирани на улиците „Живко Чинго“ и „Радњанска“ во општина Аеродром, утре од 8 до 13:30 часот ќе бидат без струја.

Од 10:30 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од селото Мирковци, а од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците 58, 72 и 80 во село Волково.

Во временскиот период од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од зградите „112“ и „116“ на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Дел од корисниците од скопското село Грчец ќе бидат без електрична енергија од 9 до 15 часот, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од село Бојане. Од 9:30 до 10:30 часот без струја ќе се и корисниците од селата Раовиќ, Арнакија, Паничари, Семениште, Буковиќ и Ласкарци во општина Сарај.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.