Повеќе скопски општини во четврток ќе бидат без струја

струја
An electric light bulb shines 31 May 2007 in Paris. From 01 July 2007 on, due to the liberalization of the energy market, consumers will be free to subscribe to a private supplier or to continue with the current gas and electricity suppplier (EDF-GDF). AFP PHOTO JOEL SAGET (Photo credit should read JOEL SAGET/AFP/Getty Images)

Без струја од 8:30 до 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Хераклеја“, а од 9 до 15 часот корисниците од подулиците „58“, „72“ и „80“ во село Волково во општина Ѓорче Петров.

Во време од 9:30 до 14 часот во четврток без елктрична енергија ќе бидат дел од  корисниците од улица „Банско“ во општина Кисела Вода, а во време од 8:30 до 12:30 часот корисниците од дел од населбата „Момин Поток“ во општина Карпош.

Без струја од 8:45 до 16 часот утре ќе бидат дел од корисниците од воените објекти на „Караџица“, селата Алдинци, Драчевица, Цветово, Црвена Вода, Палиград, Мала Река, Горно и Долно Количани, Вртекица  и Рамни Габер во општина Студеничани, а од 7 до 8 часот ќе бидат дел од корисниците од Живинарската фарма во населба „Илинден“ во општина Илинден.

Во период од 8:50 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата „Јане Сандански“ и млекарницата „МАСКО“ во општина Зелениково.

Без електрична енергија утре од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците од село Долна Матка, а во време од 10 до 15 часот ќе бидат корисниците од подулиците 12 и 15 во село Сарај и потегот кај основното училиште во општина Сарај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.