Повеќе спортски активности по повод 2-ри Август Илинден

По повод одбележувањето на државниот празник 2-ри Август Илинден, Агенцијата за млади и спорт заедно со Планинарската федерација на Македонија , Велосипедската федерација на Македонија, Тениската Федерација на Македонија, Едриличарската Федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија се вклучи со активности во одбележување на овој голем македонски празник.

По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа координативен состанок помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставниците на Планинарската федерација на Македонија, Горан Тинтовски и Благоја Петрушевски.

Воедно претставниците на Планинарската федерација на Македонија го информираа Спасески дека ова е 30-ти јубилеен пат што се организира планинарската трансферзала низ Централна Македонија рута Скопје-Крушево-Охрид и се одбележува 113 години од Илинденското Востание и смртта на Гоце Делчев.

Трансферазалата започнува на 28.07.2016 год. со  пристигнување на планинари гости од странство и положување цвеќе на саркофагот на Гоце Делчев во Црквата “Св.Спас”, а се завршува со посета на Самоиловата тврдина на 5 Август.

Исто така,  како дел од активностите за одбележување на 2-ри Август Илинден во кординација со Агенцијата за млади и спорт се и меѓународната Илинденска регата која ќе започне на 31 јули на градската плажа во Струга (кај едриличарскиот клуб Снегар), Илиндескиот Охридски мал маратон на 3 км за деца од 12-16 години кој ќе се одржи на 2 Август и тенискиот турнир “ИЛИНДЕН” кој ќе се одржи на тениските терени во општина Илинден.

Велосипедската федерација на Македонија во чест на 2-ри Илинден се вклучи со организацијата Меѓународната Друмска Велосипедска Трка “Илинден 2016”  која се одржа на 23 јули.