Повеќе време со семејството во текот на празниците

Наградна игра од Македонски Телеком, во која 50 нови или постојни корисници на Magenta 1 пакетите ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство. Достапна е апликација „Магичен часовник“, оригинално дигитално решение кое на семејствата ќе им дава совети за квалитетно време поминато со најблиските.

Во пресрет на претстојните празници кои се слават во кругот на семејството, Македонски Телеком подготви неколку изненадувања за корисниците, со цел да пренесеме порака дека најдобриот подарок за празниците е времето поминато со најблиските.

Од денеска, започнува новата наградна игра „Повеќе време заедно“ која се однесува за сите нови и постојните Magenta 1 корисници, коишто ќе склучат договор најдоцна до 08.01.2017 година. Наградите ќе се извлечат на 09.01.2017 година, при што 50 корисници ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство.

Дополнително, Македонски Телеком изработи интересна и уникатна апликација „Магичен часовник“. Оваа апликација претставува оригинално дигитално решение кое на семејствата ќе им дава совети за квалитетно време поминато со најблиските. „Магичен часовник“ дава совети и предлози за заеднички активности со децата, соодветни на нивната возраст, на актуелните настани во градот, но и на временските услови.

Друга главна функција на апликацијата претставува мерењето на времето кое семејството го минува заедно. Со помош на Bluetooth технологијата, „Магичниот часовник“ ќе евидентира колку време телефоните на секој член од семејството се едни покрај други. Со тоа ќе може секој да си поставува дневни, неделни и месечни предизвици и посакувани цели. Ова апликација ќе биде функционална и преку паметните аплки кои се дел од новата наградната игра на Македонски Телеком.

Апликацијата „Магичен Часовник“ може да се преземе бесплатно од Google Play https://play.google.com/store/apps/details?id=com.telekom.magicencasovnik и App Store https://itunes.apple.com/us/app/magicen-casovnik/id1187956784.