Повеќе 30 загинати од ерупцијата на вулкан во Јапонија

Над 30 загинати луѓе се пронајдени во близина на вулканот Онтаке во централниот дел од Јапонија откако ден претходно ненадејно се активираше вулканот во момент кога на планината имаше голем број излетници, јавија јапонски медиуми.

Локалната влада на префектурата Нагано соопшти дека вкупно 45 луѓе се водат како исчезнати, додека повеќе од 40 планинари морале да побараат засолниште во колиби заради слаба видливост.

Околу 500 војници, полицајци и пожарникари се вклучени во акциите за спасување и потрага по преживеани во обид да се спасат десетици планинари за кои се претпоставува дека се заробени на планината откако вчера без предупредување од вулканот почна да излегува пепел, камења и пареа. Густ прекривач од пепел од 20 см. покри големо подрачје околу вулканот откако претходно од ерупцијата беше исфрлен чад и пепел и до 10 км. во висина. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека вулканот и денеска е активен.