Повеќе нема „заклучување на љубовта“ на парискиот мост

Романтичните души од денеска па натаму нема да можат да поставуваат катанци како залог на љубовта на проучениот мост во Париз, „Point des Arts“, бидејќи е воведена забрана.

Имено љубовните двојки со години на оградата на мостот, поставуваа катанци испишани со своите имиња, а клучевите ги фрлаа во Сена, за да нивната љубов трае вечно.

Од денеска па до крајот на неделата ќе биде спроведена акцијата „отклучувања“ на мостот Уметност, каде ќе бидат отклучени сите катанци, а која ќе биде пропратена со уметнички перформанс кој ќе трае до крајот на летото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.