Повеќе од 1.700 Руси војуваат заедно со џихадистите

Во редовите на џихадистите во Ирак војуваат околу 1.700 Руси, откако во изминатата година нивниот број е двојно зголемен, изјави директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников по работна посета на Вашингтон, јави ТАСС.

Бортников, кој е претседател на Националниот антитерористички комитет, во Вашингтон учествува на самит посветен на спречување на екстремизот и насилството.

Според него се зголемува бројот на Руси што се приклучуваат во редовите на џихадистите и изгледите за нивно евентуално враќање се причина за сериозна загриженост, нешто што го делат и неговите колеги од други земји.