Свет

Повеќе од 100 осуденици избегале од затвор на Хаити

Повеќе од 100 осуденици избегале од затвор на Хаити

Стотина осуденици побегнале од затворот кај Порт О Пренс по избивањето на нереди во внатрешноста на заградите, соопштуваат властите на Хаити.

„Ова е спекатакуларно бегство. Стотина осуденици вчера побегнаа од затворот“, вели еден владин претставник.

Мештаните кои живеат во близина на затворот, кој на Хаити е со максимално обезбедување, наведуваат дека затворениците трчале на сите страни, а од затворската зграда се слушале жестоки пукања.

Вастите засега не наведуваат дали има погинати и повредени во нередите.

Меѓу затворениците има и осуденици за шверц на дрога и киднапирање.

Полицијата наведува дека од затвор побегнал и влијателниот бизнисмен кој е осуден за киднапирање на Клифорд Брент, а понудени се и 40 илјади долари награда за негово пронаоѓање.

Пред бегството, во затворот имало скоро 900 затвореници. Затворот е изграден со донација од Канада во висина од 5,7 милиони долари.