Повеќе од 100 села отцепени поради обилни снежни врнежи

Над сто села во источна Турција се отцепени поради обилните снежни врнежи. Лошото време најмногу ги засегна окрузите Битлис, Ван, Ардахан и Ерзурум, јави Анадолија, јави МИА.

Во тие планински области блокирани се сите патишта, а локалните жители се обидуваат со сопствени сили да излезат од снежната блокада. Во тек е целосна мобилизација за расчистување на снежната покривка од 30 до 50 сантиметри.

Медицинските служби се во состојба на тревога, наставата е откажана во повеќе населени места, нарушено е снабдувањето со електрична енергија.

Спасувачките служби им помагаат на настраданите, доставуваат производи и лекарства.