Повеќе од 12 000 граѓани побарале совет на телефонската линија Ало докторе!

Од 15.09.2014 година, од  кога започна да работи  телефонската линија за медицински совет  Ало докторе!  досега се јавиле вкупно 12557 граѓани од територијата на цела Македонија. 

Во  изминативе   седум  дена од   01.12.2014 година  до  07.12.2014 година со пресек до 22 часот имало вкупно  845   јавувања.

Од Министерството за здравство информираат дека за здравствен совет се достапни 22 доктори , а јавувањата се од граѓани од  сите градови на  македонија .

На  сите  лица  кои се јавија на телефонската линија  Ало докторе!   ,им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата на  02/15123 – Ало докторе ! се за медицинска помош  со најразлична  симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, најчесто за покачен крвен притисок, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки  и симптомна болка.

Секој ден од  18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе! за медицински совет се дежурни и достапни   за здравствен  совет директорите на јавните  здравствени установи.

Денес  во  кол центарот на Ало докторе ! од 18 до 22 часот ќе биде дежурна др. Соња Тасевска-Васиќ од Здравствен дом Железничар. Утре  на 15 123! др. Јасмина Чабуковска директорка на Клиниката по хируршки болести Св.Наум Охридски, во среда на 10.12.2014 година др. Билјана Поповска-Илиевска од Институтот за тбц, на 11.12.2014 година др. Тања Спировска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ),  во петок 12.12.2014 година проф. др. Антони Новотни  директор на Клиниката за психијатрија.

Во сабота на 13.12.2014 година на линијата Ало докторе! др.Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија, а во недела на 14.12.2014 година др. Марија Хаџи-Лега од Клиниката за гинекологија и акушерство.